Фабрицио Романо: Модриќ потпиша!

by Стефан
1 минути читање

Најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо објави дека Лука Модриќ потпишал нов договор.

„Лука Модриќ потпиша нов договор со важност до јуни 2025 година. Потпишани се сите документи. Одлучено, печатирано, завршено. Модриќ останува уште една сезона“, ова доцна вчера вечер го објави Романо.

Модриќ така во Реал Мадрид ќе биде дури 13 години откако пристигна од Тотенхем во 2012 година за оштета од 35 милиони евра. Од тогаш стана легенда на најголемиот клуб и еден од најдобрите играчи за врска во историјата.

Со Реал Мадрид освои се што може да се освои, а успеа да стигне и до „Златната топка“. Одигра вкупно 534 натпревари, постигна 39 голови и асистираше за 86.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани