455
Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години доживеа пораз од 5-1 во Скопје од врсниците од Црна Гора.
Избраниците на Вујадин Станојковиќ се посрамотија на теренот во тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Примија дури пет голови од Црна Гора.
Стрелец на единствениот гол за Македонија на овој меч беше Малиќи кој тогаш намали на 3-1. Тоа беше резултатот од првото полувреме. Во вториот дел примивме уште два гола.
Ова беше првиот од двата пријателски меча против Црна Гора, македонските млади фудбалери шанса за поправен ќе имаат во четврток.