Трајковски по хет-трикот: Пресреќен сум, уживав во овациите од публиката

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски ја заврши сезоната во Хајдук Сплит со хет-трик против Локомотива во Загреб во победата од 2-5.

Бидејќи при првите два погодоци Трајковски имаше мала помош од дефанзивците кои ја одбија топката, неговите соиграчи се шегувале со него дека не му се впишани. По натпреварот го прашаа колку голови дал, а тој даде своја анализа на одиграното.

„Впишан ми е хет-трик, ми ја дадоа топката за спомен. Кога излегов од игра соиграчите од клупата се шегуваа дека не ми се впишани два гола. На крајот видов дека не е така и среќен сум. Уште повеќе задоволен и среќен сум за начинот на кој тимот ја заврши сезоната. Навистина ми се допадна и дека публиката ме поздрави со овации. Пресреќен сум поради тоа и се надевам дека ќе се повтори некогаш во иднина. На секој натпревар мора да даваш максимум. Не смееш да се предадеш и секој поединец мора да даде сè од себе за да придонесе и да се подреди на потребите на екипата. Како тим можевме многу повеќе сезонава“, изјави Трајковски.

Оваа сезона Александар Трајковски даде седум гола во првенството за Хајдук, а шест од нив дојдоа оваа пролет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани