Ремито во втор план, Пиоли и Жиру се простија од Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
8 минути читање

Екипата на Милан одигра реми против Салернитана (3-3) во последкото коло на италијанската Серија А.

Резултатот на натпреварот на „Сан Сиро“ беше во втор план, бидејќи ова беше натпревар полн со емоции за повеќе актери на теренот. Милан се прости со тренерот Стефано Пиоли и напаѓачот Тео Хернандез пред сè, а последен пат заиграа Кјаер, Миранте, Калдара…

Средбата тргна со моќна игра на Милан кој доминираше. Рафаел Леао го отвори резултатот во 22. минута по голема грешка на противничкиот голман, а потоа меѓу стрелците се впиша и Оливие Жиру на одушевување на цел стадион. Гол даде и Хернандез, ама беше поништен поради офсајд.

Во вториот дел Милан целосно се опушти и играше во славеничка атмосфера, а тоа го казни Салернитана. Сими погоди за 2-1 во 64. минута, а иако Давиде Калабрија донесе пак двојна предност (3-1), мечот заврши со реми. Стрелци за тимот од Салерно беа Самбиа и Сими за конечни 3-3, а цел стадион со овации го испрати Жиру во МЛС лигата.

По мечот навивачите повторно ги поздравија фудбалерите, како и оние кои заминуваат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани