40
Иако неговиот Реал Мадрид беше поразен од Ливерпул во дербито од Лигата на шампионите, Карло Анчелоти испиша историја.
Имено, Анчелоти стана тренерот со најмногу натпревари во историјата на Лигата на шампионите, односно порашен Куп на европски шампиони.
Вчерашниот натпревар за Анчелоти беше 215 во најелитното европско натпреварување. Зад себе Италијанецот го остави Алекс Фергусон кој 214 пати го водеше Манчестер јунјатед во елитата.
Анчелоти низ кариерата има 123 победи, а ги водеше екипите на: Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Баерн, Наполи и Реал Мадрид.