48
Челниците на Лестер Сити се решија дека е време за тренерска смена, па му дадоа отказ на Стив Купер.
Доскорешниот предводник заминува од клупата по четири натпревари во Премиер лигата без победа, односно два порази од Манчестер Јунајтед и Челси. Купер го плати цехот на лошиот пласман на Лестер, во моментов тимот се наоѓа на 16 позиција на табелата и има само десет бода по 12 меча.
Заедно со Стив Купер од клубот заминаа асистентите Алан Тејт и Стив Рендс. Привремено тренинзите ќе ги води Бен Досон, заедно со Дени Алкок и Енди Хјуџс. Лестер е во процес на потрага по нов менаџер.