Нотингем Форест триумфално мина на „Олд Трафорд“ и го совлада Манчестер Јунајтед со 2-3 (1-1).
Натпреварот од 15. коло на Премиер лигата понуди доста возбудувања, а домаќинот едноставно не беше на потребното ниво. Првпат по пауза од три децении Нотингем триумфира на овој стадион.
По само две минути гостите водеа преку Никола Миленковиќ, додека израмнување донесе Расмус Хојлинд (1-1). На стартот на вториот дел Нотингем набрзина стигна до двојна предност преку Морган Гибс-Вајт и Крис Вуд (1-3). Бруно Фернандеш намали на 2-3 и го одржа Јунајтед во игра, а во завршницата домашните имаа неколку солидни шанси.
Нотингем има 25 бода и се наоѓа на петтото место на премиерлигашката табела, додека Јунајтед со 19 е на 13. место.