114
Неколку новинари воопшто не го вметнаа Винициус Жуниот меѓу десетте кои добија бодови во трката за Златната топка. Тоа беа Јуха Канерва од Финска, Бруно Порцио од Ел Салвадор и Шепени Никодемус од Намибија.
Финецот по објавувањето на гласовите си ја призна својата грешка. Каневра ја сподели објавата на својот профил на „Х“ и напиша: „Моја техничка грешка. Ќе дадам оставка од жирито за избор на Златната топка“.