Нечиј пех, среќа за Столе Димитриевски: Конечно ќе дебитира во Ла Лига за Валенсија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски се очекува конечно да дебитира во Ла Лига за екипата на Валенсија.

По доаѓањето минатото лето тој не беше во прв план, бидејќи Ѓорѓи Мамардашвили кој се договори со Ливерпул остана на едногодишна позајмица. Сепак, сега Грузиецот се повреди и се очекува Столе да биде стартер на следниот меч.

Димитриевски би требало да се најде меѓу стативите на дуелот против Еспањол на гостински терен на 18 декември, а потоа и на „Местаља“ против Алавес четири дена подоцна.

Постои можност Мамардашвили да не брани до крајот на 2024 година, па тоа ќе отвори уште натпревари за Димитриевски. Нашиот репрезентативец следната сезона ќе има повеќе простор бидејќи Грузиецот се сели во Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани