77
Хрватскиот стратег Иван Јуриќ изненади со одлуката за утрешниот натпревар на Рома против Болоња да не смета на Пауло Дибала.
Јуриќ кој во Рома има лоши резултати и е пред отказ одлучи да не го повика Аргентинецот.
Пред новинарите на прес-конференцијата Јуриќ одговори дека Дибала имал мал физички проблем. Но, од друга страна се појавија и информации дека нема такво нешто.
Дибала наводно бил и изненаден од одлуката на Јуриќ да го изостави бидејќи се чувствувал спремен и да започне од првата минута.
Аргентинскиот фудбалер е еден од најважните во редовите на „волчицата“ од почетокот на сезоната, па поради тоа и на навивачите не им се допадна ваквиот потег на јуриќ.