Жозе Мурињо вели дека не е точно дека сака Манчестер Сити да го исфрлат од Премиерлигата, туку сака само да бидат испочитувани правилата и сите клубови да бидат еднакви пред институциите.
Гвардиола рече дека Мурињо е еден од луѓето кои сакаат Сити да биде исфрлен од Премиерлигата. Сега Португалецот во свој стил му одговори на Пеп со кој три години беше заедно во Барселона.
„Пеп и јас работевме заедно три години, јас бев асистент, а тој беше играч. Го сакам многу и тој го знае тоа, тој ме сака и јас го знам тоа, нема проблеми меѓу нас. Една работа се зборовите, а друга се длабоките чувства. Не е точно дека јас сакам Манчестер Сити да испадне, точно е дека сакам правда. Многупати малите клубови се казнуваат кога за 5 евра, 10 евра ќе го надминат буџетот кој го го имаат според фер плеј правилата. Јас страдав во Рома три години поради големи лимити за трошење поради пречекорување на буџетот и не мислам дека е во ред големите ајкули, кога велам ајкули мислам на финансиски моќните клубови, не е во ред тие секогаш да наоѓаат начини да ги заобиколуваат правилата“, вели Мурињо.