446
Жозе Мурињо не издржа а да не врати на провокацијата од Пеп Гвардиола, Португалецот како и секогаш успеа да извлече нешто што тој смета дека ќе биде во негова полза кога се споредбите во прашање.
Неодамна Гвардиола го пецна Мурињо велејќи дека тој има шест титули во Премиерлигата, а Португалецот има три.
Мурињо сега го враќа ударот споменувајќи ги случаите кои се водат против Манчестер Сити.
„Тој освои шест трофеи, јас освоив три, но јас освоив ферски и чисто. Сакам да му честитам на мојот противник кога ќе загубам затоа што тој бил подобар. Не сакам да освојувам и да се справувам со 150 случаи против мене“, изјави Мурињо.