91
Фенербахче и Јувентус се договорија за позајмица на Филип Костиќ, српскиот фудбалер патува кон Истанбул да го комплетира трансферот.
Летниот трансфер преоден рок во Турција трае до 13. септември, па турските екипи се уште може да ангажираат нови засилувања.
Последните информации велат дека Фенербахче ќе се засили со Филип Костиќ од Јувентус.
Трансферот е договорен, се работи за едногодишна позајмица со опција за целосен откуп.
Наскоро Костиќ ќе биде во Истанбул за да ја комплетира зделката.