Мбапе се „покажа“ дека не е повреден, Франција не успеа да ја совлада Канада

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Франција одигра нерешено против Канада без погодоци 0-0 во натпревар кој се одигра во Бордо.

Навивачите на „Махмут Атлантик“ не можеа да уживаат во ниту еден гол откако голманите беа во подобро издание од стрелците. Имаше по некоја шанса пред двата гола, но главно пред оној на гостите. Најзрелите можности не ги искористија Канте кој имаше зицер на стартот, а потоа Коло Муани и Мбапе во финишот. На спротивната страна Милар ја погоди пречката на Мењон, додека чист гол спаси Салиба по еден продор на Дејвид.

Најдобра вест за фановите на Франција е фактот дека Килиан Мбапе на најдобар можен начин стави крај на шпекулациите за повредата. Денес се појавија информации дека тој поради повреда на грбот ќе отсуствува некое време, меѓутоа тој заигра и беше доста опасен по голот на Канада.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани