Фудбалерите на Атлетик Билбао славеа во дерби дуелот со Реал Мадрид (2-1) во натпреварот од 19. коло на Ла Лига.
„Кралевите“ капитулираа во Баскија и испуштија шанса да останат во предност во однос на Барселона. Сега со меч помалку на контото Реал е на минус од четири бода зад лидерот, а Атлетико му дише во вратот.
Околу мечот на „Сан Мамеш“, првиот дел понуди поништен гол на Мбапе. На стартот на продолжението Алекс Беренгер стрела за предност на Атлетик Билбао (1-0). Килиан Мбапе имаше пенал за да израмни, меѓутоа не реализира.
Израмнување сепак донесе Џуд Белингем, ама Реал не успеа ниту да се израдува и две минути подоцна Гурузета погоди за да ја врати позитивата на Атлетик. До крајот домашните го одбранија стекнатото водство.