Мбапе: Можам да кажам само дека моето следно поглавје ќе биде многу возбудливо!

by riste
1 минути читање

Килијан Мбапе петти пат по ред беше прогласен за најдобар фудбалер во француската Лига 1, тој на настанот се збогуваше со ПСЖ и оваа лига. Не кажа кој ќе биде неговиот следен клуб, но рече дека ќе биде возбудливо.

„Моето следно поглавје ќе биде многу возбидливо, ќе откривам нови работи, тоа ме прави многу среќен“, рече Мбапе.

„Сега ми е многу потешко отколку што изгледа. Ова е поглавје од животот кое се затвора. Се обидував постојано да бидам достоен претставник на Лига 1“.

„Сакам да им се заблагодарам на луѓето во клубот и на претседателот. Ќе ми недостасуваат. Заминувам од ПСЖ со високо крената глава“.

„Татко ми сакаше да креирам историја во Лига 1 пред да заминам. Тоа беше долго патување и многу сум среќен“.

„Мојот следен клуб? Сега можам да кажам само дека заминувам од ПСЖ. За другото не е вистинско време“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани