Макрон го праша Мбапе кога ќе биде презентиран во Реал, ѕвездата не ја забележа камерата и откри (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Килиан Мбапе се очекува да биде промовиран во нов фудбалер на Реал Мадрид. Откако вчера беше потврдено дека сите детали се договорени од повеќето угледни медиуми, во секое време се очекува потписот.

Во моментов Мбапе е на собирот на репрезентацијата на Франција, а во тренинг кампот добија посета од претседателот на државата Емануел Макрон. Камерите го уловија првиот човек на Франција како го прашува Мбапе кога ќе биде презентацијата, а играчот му одговори „Вечерва, вечерва“.

ПСЖ бесплатно го губи Мбапе и ова ќе значи официјален крај на сагата околу француската ѕвезда која трае веќе неколку години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани