41
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година предводена од селекторот Драган Канатларовски денеска со 1-0 беше поразена од селекцијата на Косово во пријателски меч кој се одигра во тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Пред три дена загубивме со 3-1 од Косово, сега имавме шанса да се реваншираме за тој пораз, но доживеавме неуспех и на овој меч, овојпат со 1-0.
Единствениот гол на мечот го постигна Битиќи на пет минути пред крајот на првото полувреме.