Македонија У19 со пораз и реми се враќа од Грузија

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Македонија до 19 години загубија на вториот пријателски натпревар од Грузија со 2-0.

Средбата во Тбилиси домашниот колектив ја реши со по еден гол во двете полувремиња. Резултатот беше отворен во 19 минута со погодокот на Самушиа од белата точка (1-0). Се играше израмнето до полувремето, а потоа следеа доста измени.

Нов гол во македонската мрежа даде Амисулашвили во 72 минута откако искорист лоша дефанзивна реакција на нашите млади фудбалери. Вреди да се напомене дека Македонија играше со подмладен состав, генерација која во следниот циклус ќе игра под значката У19.

  • Стартен состав на Македонија У19 против Грузија:

Вргов, Ајетовиќ, Љубевски, Незир, Велков, Ристовски, Георгиевски, Иванов, Гаштаров, Николовски, Сековски.

Од клупата за резерви шанса добија Младеновски, Милот, Данев, Латифи, Ахтаров, Подграѓа и Атанасовски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани