Лундстрам трагичар на Ренџерс, Селтик слави во „Олд Фирм“ и е на бод до титула!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Селтик славеа во клучното „Олд Фирм“ дерби против Глазгов Ренџерс со 2-1 (2-1) во 36. коло и се на чекор до обезбедување на титулата во шкотската Премиер лига.

Треба чудо да се случи за Селтик да остане без титулата, бидејќи се на бод до освојување на лигата. Лутиот ривал од Глазгов има шест бода помалку, а на две рунди до крајот тоа не ветува премногу. Ренџерс долго време беше водечки на табелата, ама ќе го плати цехот на кризата во последниот период.

Што се однесува до денешното дерби, стрелците се распукаа за само шест минути, а потоа мрежите мируваа. Селтик прв дојде до предност преку Орајли во 35. минута, за три подоцна Лундстрам да си даде автогол за 2-0. Десерс ги врати надежите на Ренџерс со погодок за 2-1 во 40. минута.

Веројатно клучен момент на средбата беше црвениот картон на Лундстрам во финишот на првото полувреме, па Ренџерс со десетмина немаше сили за кам-бек.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани