Лошата проценка на дуелот меѓу Реал и Баерн ќе го чини судијата казна од УЕФА

by 24 фудбал
1 минути читање

Полскиот судија Шимон Марчињак во последните години важи за еден од најдобрите во Европа и светот, па имаше чест да суди големи натпревари. Сепак, тој и неговите помошници не се прославија во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен. Полјаците избрзаа со одлуката да покажат офсајд во една тесна ситуација по која падна гол за баварците кој не важеше.

Поради оваа таканаречена грешка (не постои стрикно правило кое го прекршија, туку е лоша проценка), Марчињак го губи местото во „друштвото“. Според најавите од „Дејли Мирор, Полјакот кој требаше да биде еден од клучните судии на претстојното Европско првенство падна на листата.

Се очекуваше Марчињак да суди на отворањето на шампионатот на мечот меѓу Германија и Шкотска, меѓутоа веројатно УЕФА се предомисли. Покрај тоа тој со сигурност ќе конкурираше за најважните натпревари, а сега си го загрози тоа „право“ и останува да видиме дали воопшто ќе суди на Европскиот шампионат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани