Лил го потврди заминувањето на Фонсека: Познати и детали од неговиот договор Милан!

by Стефан
1 минути читање

Oд редовите на француски Лил и официјално потврдија дека Пауло Фонсека го напушта кормилото на овој клуб и сега се очекува тој да биде промовиран за нов тренер на Милан.

Фонсека според информациите веќе се договорил со Милан за соработка на две години со опција за продолжување на уште една.

Платата која ќе ја заработува во Милан се очекува да виде 2.5 милиони евра по сезона, додека ако договорот биде продолжен во третата сезона таа ќе изнесува три милиони евра.

Лил веќе го потврди и неговиот наследник, а тоа ќе биде Оливие Летанг кој потпиша двегодишен договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани