40
Фудбалерите на Ливерпул со пресврт славеа на гостувањето кај Саутемптон со 2-3 (1-1) во рамките на 12. коло на Премиер лигата.
Поведоа „црвените“ преку Доминик Собослај по половина час игра. Следеше кревање на домаќинот на „Сент Мери“. Армстронг не реализира пенал, па се поправи во вториот обид за 1-1 во 42 минута. Во продолжението по одлична контра Фернандес погоди за предност на Саутемптон (2-1).
Сепак, до крајот на сцена стапи Мохамед Салах. Египетскиот репрезентативец стрела во 65 минута од игра, а потоа и во 83 од белата точка за пресврт на неговиот тим.
Со оваа победа Ливерпул се одлепи на челната позиција на табелата и има осум бода предност во однос на Манчестер Сити пред дербито следниот викенд.