Килиан Мбапе со Куп-трофеј се прости од ПСЖ! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Пари Сен Жермен го освоија трофејот во Купот на Франција совладувајќи го Лион во финалето на „Пјер Мороа“ со 1-2.

Избраниците на Луис Енрике ги обединија двата француски трофеи, откако доминантно ја освоија и Лига 1. Во финалето парижани ја оправдаа фаворитската улога и со головите од првиот дел си обезбедија триумф. Осман Дембеле со глава и Фабиан Руиз по одбиена топка донесоа двојна предност за ПСЖ на полувремето.

Лион успеа да се врати резултатски преку Обрајан кој со глава стрела по корнерот на Черки, Сепак, ПСЖ се крена и заигра подобро за рутински да го приведе мечот кон крајот.

Последен пат дресот на ПСЖ го носеше Килиан Мбапе. Младата француска ѕвезда си оди по крајот на сезоната, а од парижани се простува со освоен трофеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани