107
Хрватскиот гигант, Динамо Загреб каде што настапуваат македонските фудбалери, Стефан Ристовски и Аријан Адеми имаше катастрофален почеток во Лигата на шампионите каде што беа поразени од Баерн Минхен со 9:2.
Овој пораз е најтешкиот во историјата на Динамо, па така во раководството се одлучиле и за тренерска смена.
Хрватскиот портал „24сата.хр“ објави дека утрово на Сергеј Јакировиќ му било соопштено дека повеќе не е тренер. Одлуката била донесена на состанок на управниот одбор на гигантот од Загреб.
Се шпекулира и со можните наследници на клупата, а како најпознато име се споменува Нико Ковач кој сепак би можел да биде прескап. Тука се уште и Жељко Сопиќ и Игор Јовичевиќ.