Далиќ: Македонија утре ќе ја „глуми“ Албанија!

by riste
1 минути читање

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ вели дека Македонија е слична селекција на Албанија, па на утрешниот натпревар против нас ќе се спремаат за Албанците со кои се во група на Европско првенство.

Далиќ има почит за Македонија, но очекува победа на утрешниот меч кој се игра во Ријека со почеток од 19 часот.

„Противникот заслужува почит. Ние го замислувавме овој противник со сличен стил како Албанија, и го гледаме како подготовка за тој натпревар од ЕВРО 2024. Планираме да одиграме напаѓачки против Албанија, со повеќе напаѓачи, па ќе гледаме и утре да играме така. Шанса ќе добијат 16 играчи. Некои нема да настапат, ќе одморат. Се надеваме дека ќе победиме. Ќе пробаме некои нови варијанти на престојните два меча. Перишиќ ќе игра утре, мислам дека е подготвен за еден час. Ќе добие шанса и Ковачиќ за кого овој меч ќе биде 100“, рече Далиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани