Го добивме и последниот учесник во Премиер лигата за наредната сезона! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Денеска го добивме и последниот патник во Премиер лигата на Ипсвич и Лестер им се придружи Саутемптон кој во финалето од плеј-офот славеше против Лидс со 0:1.

Во еден интересен натпревар со многу борба на двете страни одлучувачкиот момент го видовме некаде на средина од првиот дел.

Одличниот оваа сезона Армстронг доби прилика и излезе „еден на еден“ со чуварот на мрежата на Лидс и ја затресе мрежата за 0:1. Интересно е што за Армстронг ова беше четврти гол сезонава против Лидс и покажа дека овој тим и тоа како му „лежи“.

Се обиде Лидс, создаде прилики, меѓутоа изостана реализацијата, па така Саутемптон се радуваше на „Вембли“ и наредната сезона ќе ги гледаме во најелитната англиска конкуренција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани