Голем гест на Касемиро, медалот од ФА Купот му го дал на Маласија!

by riste
1 минути читање

Искусниот Касемиро го потврди тоа што се пишуваше дека медалот освоен во ФА Купот му го дал на Маласија.

Касемиро ионака во својата витрина има премногу медали, па не му е тешко да подари некој. Но, ова го направил од друга причина.

„Тој не играше ниту еден меч таа сезона, и не сакаше да се качи на пиедесталот при доделувањето на медалите. Немаше медал за него, па јас му го дадов мојот“, рече Касемиро.

„Тој ни е потребен, тој е дел од тимот. Го сакаме и потребна му е љубов“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани