349
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед први зададоа удар во финалето на ФА Купот против градскиот ривал Манчестер Сити.
По точно половина час резултатот го отвори младиот Алехандро Гарначо. Вреди да се напомене дека Аргентинецот доби подарок од противниците пред да погоди во празната мрежа на Сити.
Долга топка испрати бекот Далот, а по недоразбирање Гвардиол со глава го префрли голманот Ортега. Ситуацијата будно ја следеше Гарначо кој истрча пред голот и рутински погоди за 0-1.
До полувремето Манчестер Јунајтед успеа уште двапати да ја стресе мрежата на „граѓаните“. Првиот гол на Рашфорд беше поништен, меѓутоа потоа погодокот на Коби Маино беше регуларен.