Гвардиола нема уште долго да остане во Манчестер Сити, познато е кога заминува!

by riste
1 минути читање

Манчестер Сити нема уште долго да смета на генијалноста на Пеп Гвардиола, шпанскиот стратег наскоро ќе го напушти клубот.

Според новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнстејн, Пеп Гвардиола уште наредната сезона ќе биде тренер на Манчестер Сити.

Наводно, тој во јуни 2025 година ќе замине од клубот, по што Сити ќе започне нова ера.

Се верува дека Гвардиола откако ќе замине од Сити ќе земе една година одмор, па дури потоа ќе се врати на работа.

Во минатото тој изјавуваше дека сака да биде селектор, па можеби тоа ќе биде неговата следна цел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани