Гарначо и Маино кобни за ѕвездениот тим на Пеп, Манчестер Јунајтед го освои ФА Купот! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
2 минути читање

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го изненадија градскиот ривал Манчестер Сити и го освоија ФА Купот, откако на „Вембли“ славеа со 1-2 (0-2). Тинејџерите на Ерик Тен Хаг со два гола во првото полувреме донесоа триумф на својот тим, откако го издржаа силниот налет на ривалот од Манчестер. Се тресеше рамката и Јунајтед во неколку наврати се спасуваше во тешки ситуации, за на крајот да слават.

По мирниот старт на натпреварот, Манчестер Јунајтед се разигра во финишот на полувремето. Резултатот го отвори Алехандро Гарначо кој искористи голема грешка на Гвардиол и по поливна час игра донесе „ѓаволска“ предност.

Успеа тимот на Ерик тен Хаг да го искористи моментумот и уште двапати се тресеше мрежата на Сити. Првиот пат Рашфорд погоди, но имаше недозволена позиција. Сепак, во вториот случај Коби Маино удвои на 0-2 во 39. минута. Младата ѕвезда на Јунајтед доби одлична асистенција од Бруно Фернандеш и стрела за удвојување на водството.

Во второто полувреме Сити се наметна и почнаа да се редат шансите. Најблизу до гол беше Ерлинг Халанд кој ја погоди пречката, а имаа „граѓаните“ уште неколку добри обиди. Сепак, Јунајтед добро го бранеше својот гол сè до пред крајот и 87. минута. Тогаш резервистот Жереми Доку итро го измами Онана погодувајќи од тешка позиција од која не се очекуваше шут за 1-2.

До крајот на натпреварот во судиското продолжение Јунајтед успеа да се одбрани и по осум години го крена трофејот во ФА Купот, вкупно 13. пат во својата историја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани