63
Eкипата на Гостивар не успеа да слави во денешниот натпревар против Пелистер во кој ја имаше улогата на фаворит, но на овој натпревар видовме и една судиска одлука за која сигурно ќе има реакции од гостиварци.
По еден изведен корнер топката го погоди во раката дефанзивецот на Пелистер, меѓутоа судијата на теренот не реагираше, па Гостивар остана без најстрога казна.