Виљареал со пресврт во финишот ја сруши Севиља и остана во трката за Европа

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Виљареал запишаа важна победа во рамките на 35. коло на Ла Лига против Севиља со 3-2 (1-2). „Жолтата подморница“ со овој триумф остана во трка за излез во Европа, одржувајќи се на достижна дистанца зад седмопласираниот Бетис, иако шансите се намалуваат.

Резултатот на „Естадио де ла Серамика“ го отвори Јусеф Ен Несири во 26. минута, но само четири подоцна Александер Сорлот израмни. Мароканскиот напаѓач на Севиља и вторпат се запиша меѓу стрелците, пред полувремето за 1-2.

По серијата измени, на сцена стапи Виљареал во завршницата на мечот. Израмнувачкиот гол беше дело на Москера, а во вторта дополнителна минута поради офсајд беше поништен погодок на Тератс. Длабоко во надополнувањето, поточно во 97. минута Сорлот со својот втор гол донесе триумф на Виљареал.

Со оваа победа Виљареал е на 48 бода на осмото место, додека Севиља со седум помалку е дванаесетта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани