Брера се раздели со двајца стандардни дефанзивци

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот прволигаш од Струмица, Брера, објави дека по крајот на сезоната која измина се раздели со двајца дефанзивци. Станува збор за искусниот Александар Ристевски и помладиот колега Агрон Руфати, кои заминуваат од редовите на струмичани.

Ристевски пристигна во Брера минатото лето од Брегалниза и беше стандарден во тимот оваа сезона. 32-годишниот фудбалер ќе побара нов предизвик, па можеби ќе додаде и нов клуб во својата богата кариера.

По сличен пат тргна и Агрон Руфати. 25-годишникот кој пристигна во Струмица минатиот јануари (2023 година), се одлучи да побара нова средина. Во минатото Руфати мина низ младинските категории на Динамо и Локомотива Загреб, а како сениор беше дел од Истра, украинска Зорја и романска Академика.

Ристевски и Руфати често беа партнери во одбраната на Брера, па клубот ќе мора да побара замена за своите стопери за следната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани