Фудбалскиот клуб Барселона се наоѓа во сериозни проблеми со финансиите. Иако го доведоа Дани Олмо, шпанскиот репрезентативец не може да биде регистрирам и да заигра за новиот клуб поради финансиската ситуација.
Сега Барса се обидува да направи „место“ за Шпанецот, а тоа ќе го исполни со две позајмици. Од клубот заминаа младиот напаѓач Витор Роке и искусниот дефанзивец Клемен Ленгле.
Бразилскиот фудбалер Роке се сели во редовите на Бетис на едногодишна позајмица, со опција истата да се продолжи на уште една година. Покрај тоа, Бетис ќе има право да го откупи неговиот договор.
Од друга страна, Ленгле замина на „сува“ позајмица во редовите на Атлетико Мадрид. Позајмицата е во важност до следното лето.