Реал Мадрид вчера им приреди уште едно разочарување на навивачите со поразот од Атлетик Билбао и така остана на четири бода заостанување во однос на Барселона која е на врвот на табелата.
По вчерашниот пораз во Баскија критиките на сметка на шпанскиот гигнат се големи, a eден од најкритикуваните е тренерот Анчелоти, иако Килијан Мбапе не реализираше пенал.
„Ја преземам одговорноста, време е во оваа ситуација да покажам кој сум“, изјави францускиот напаѓач..
Но, „Марка“, медиумот со седиште во Мадрид вината ја бара во Анчелоти.
„Анчелоти е полош од Мбапе“, пишува „Марка“ и додава:
„Полесно е да се насочат критиките кон Килијан и да не се зборува за вистинскиот проблем. Што игра Реал Мадрид во овој момент? Поминаа три ипол месеци и никој не знае да го даде одговорот на тоа прашање“, стои во текстот.
Критики има и за раководството кое не успеа да пронајде вистинска замена за Тони Крос кој се пензионираше.