Алонсо е само осмиот тренер кој освоил титула без пораз во топ пет лигите!

by riste
1 минути читање

Чаби Алонсо испиша историја, тој е првиот тренер во Бундеслигата кој освоил титула без пораз, а е еден од осумте кои го направиле тоа во топ пет лигите.

Првиот на кој му успеало е Вилијам Судел, тој со Престон во 1888/89 станал шампион на Англија без пораз.

Фред Пентланд го предводел Атлетик Билбао во 1929/30 до титула без пораз во Шпанија.

Брзо потоа Реал Мадрид направил таков успех, под водство на Липо Херцка во 1931/32.

Алберто Бигон со Перуџа во 1978/78 година исто така завршил без пораз.

Од поновата историја, Фабио Капело со Милан во 1991/92 година.

Легендарните непобедливи на Арсен Венгер беа во сезоната 2003/04.

Антонио Конте со Јувентус го направи тоа во 2011/12 и сега му успеа на Чаби Алонсо со Леверкузен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани