59
Македонскиот репрезентативец, Исник Алими кој ги одигра дуелите со Летонија и Фарски Острови, имаше одлично враќање на клупскиот фудбал каде беше стрелец за неговиот тим.
Во романското првенство Сепси со 2-0 славеше над Глорија Базау, а првиот гол го постигна токму Алими. Голот на нашиот репрезентативец беше постигнат од пенал. За него ова е четврти гол оваа сезона.