Екипата на Џирона претрпе втор пораз во Лигата на шампионоте, овојпат на својот „Монтиливи“ од Феенорд (2-3).
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски доби шанса од првата минута, дебитира во елитното натпреварување и одигра 75. минути. Сепак, своето деби во европската елита тој нема да го памети по добро бидејќи не реализира пенал во вториот дел при резултат 1-2 за својот тим.
Резултатот го отвори Лопез во 19. минута, потоа израмнувањето дојде со автогол на Херера, а Миламбо стрела за пресврт на Феенорд. Имаа и гостите нереализиран пенал, додека во вториот дел беше поништен автогол кој си го дадоа Холанѓаните.
Следеше нереализираниот пенал на Миовски, по што Ван де Бек донесе израмнување (2-2). Сепак, уште еднаш Џирона си даде автогол преку Крејчи и загуби со 2-3.
Сигурен гостински триумф забележа Аталанта кај Шахтјор (0-3). Со головите на Берат Џимшити и Адемола Лукман тимот од Бергамо уште на полувреме имаше двојна предност, а победата ја потврди Раул Беланова на стартот на вториот дел.
Аталанта има четири бода во Лигата на шампионите, Феенорд е на три, Шахтјор на еден, а Џирона на Миовски е без бодови.