Јувентус и Астон Вила победнички тргнаа во Лигата на шампиони (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Јувентус со 3-1 го победи ПСВ во Торино, Астон Вила со 3-0 славеше на гостувањето кај Јанг Бојс во првото коло од Лигата на шампионите.

Резултатот во Торино беше отворен уште во 21. минута кога Јилдиз постигна прекрасен гол за водство од 1-0.

Само шест минути подоцна веќе беше 2-0, Мекени го зголеми водството на Јувентус. Со тој резултат се замина на полувремето.

По само седум минути игра во вториот гол, Гонзалез по асистенција од Влаховиќ даде гол за 3-0. Веќе немаше дилеми кој ќе биде победникот на овој меч.

Во третата минута од судиското продолжение Саибари успеа само да постигне почесен гол за ПСВ.

Астон Вила со 3-0 славеше на гостувањето кај Јанг Бојс, тимот на Унаи Емери најави дека може да биде сериозен играч во Лигата на шампионите оваа сезона.

Водство од 1-0 донесе Тилеманс со гол во 27. минута, десетина минути подоцна Ремзи даде гол за предност од 2-0.

Конечните 3-0 ги постави Онана во 86. минута од натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани