Црвена Звезда го сврте двомечот со Бодо/Глимт и пак ќе игра во ЛШ! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
2 минути читање

Фудбалерите на Црвена Звезда успеаја да направат подвиг и се пласираа во главната фаза на Лигата на шампионите, откако во реваншот од плеј-офот го совлада Бодо/Глимт со 2-0 (1-0).

Откако првиот натпревар во Новрешка заврши со триумф на Бодо/Глимт од 2-0, малку шанси ѝ се даваа на Звезда дека може да направи пресврт. Сепак, Србите успеаја на дождот во Белград и пред полните трибини на „Маракана“ се пласираа во елитното европско натпреварување.

Првиот погодок на натпреварот беше дело на Бруно Дуарте во 26. минута. Бразилскиот фудбалер го реализира пеналот кој Црвена Звезда го доби и донесе предност која беше активна на полувремето.

Откако Црвена Звезда го израмни резултатот во двомечот, играше перфектно во одбраната и не оставаше простор за опасни шанси пред својот гол. Бодо беше практично немоќен и не успеа посериозно да се закани по српскиот гол. Вториот гол во мрежата на гостите беше дело на капитенот Урош Спајиќ, кој по нафрлување од Елшник со глава погоди за 2-1 во 59. минута.

До крајот Црвена Звезда успеа да го одбрани водството и во Белград се славеше нов пласман во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани