Eдна од најдобрите фудбалерки во историјата Алекс Морган го одигра својот последен натпревар во кариерата.
Морган од фудбалот се прости во натпреварот помеѓу Сан Диего Вејв и Саут Калифорнија Кариџ кој заврши со победа на гостинскиот тим од 1:4. Резултатот на овој дуел сепак остана во сенка на Морган дуелот го започна од првата минута, не реализираше пенал, но подоцна постигна гол по што беше заменета.
Морган симболично ги соблече копачките доби стоечки овации и емотивно се поздрави со соиграчките.
Во кариерата таа одигра 224 натпревари и постигна 123 гола, а ќе остане запаметена како една од најголемите спортски легенди на Американците. Со репрезентацијата успеа да освои два трофеи на Светско првенство и олимписко злато.