„Салах е најсебичниот фудбалер што сум го видел“

by 24 фудбал
1 минути читање

Легендата на Ливерпу, Грам Сунес, зборуваше за првата ѕвезда во тимот Мохамед Салах. Инспириран од скандалот и караницата на Египѓанецот со тренерот Јирген Клоп, поранешниот фудбалер на „црвените“ реши да удри по фудбалерот и неговото однесување.

„Мислам дека Мохамед Салах ќе го напушти Ливерпул. Беше одличен тука низ годините. Сепак, ако замине во Саудиска Арабија, таму ќе стане најголемата ѕвезда. Тој има многу високо мислење за себе и беше лут што натпреварот против Вест Хем не го започна меѓу стартерите, туку на клупата. Салах е најсебичниот фудбалер што сум го видел во животот. Никогаш не е среќен кога мора да биде на клупата“, прокоментира Сунес.

Салах настапува за Ливерпул од 2017 година. Досега во дресот на англискиот великан одигра 346 натпревари, постигна 210 погодоци и асистираше за уште 88, а ги освои сите можни трофеи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани