Мегваер: Уништен сум!

by riste
1 минути читање

Хари Мегваер вели дека е уништен што нема да игра на Европското првенство во Германија, дефанзивецот вели дека не му е сеедно што нема да биде со репрезентацијата на големиот турнир.

Мегваер и Грилиш отпаднаа од списокот на Герет Саутгејт. Дефанзивецот влечеше и повреда која веројатно беше пресудна за одлуката на селекторот.

„Уништен сум што не сум селектиран да играм за Англија на Европското ова лето. И покрај моите напори, не успеав да ја пребродам повредата на листот. Можеби премногу форсирав да успеам. Едноставно сум, апсолутно изнервиран. За мене играњето за Англија е највисока чест. Ми значи сѐ. Ако не можам да му помогнам на тимот како играч, ќе ги бодрам како фан заедно со остатокот од луѓето во земјата. Одете и победете момци. Ќе се вратам под супервизија на медицинскиот тим на Манчестер јунајтед со цел да се подготвам за следната сезона“, вели Мегваер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани