Мареска: Кукуреља има нешто што тешко може да се најде кај други фудбалери

by riste
1 минути читање

Енцо Мареска го пофали својот фудбалер, Марк Кукуреља кој најголемата слава ја имаше по Европското првенство со песната во која имаше и провокација за Халанд.

Кукуреља е еден од најважните фудбалери на Челси под водство на Мареска, тој има високо мислење за својот играч.

„Марк Кукуреља има нешто што тешко можете да го најдете во други фудбалери. Тој е многу значаен. Тој ги прави фудбалерите околу себе подобри. Ако имате пет, шест или седум фудбалери како Марк во тимот… верувајте ми, тој е многу важен“, вели Мареска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани