ЛШ: Сити падна во Торино, Барселона триумфално кај Борусија, а Милан се измачи против Ц. Звезда! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
3 минути читање

Фудбалерите на Барселона славеа на гостувањето кај Борусија Дортмунд (2-3), во дербито на денот од шестото коло на Лигата на шампионите. Се одигра многу драматичен меч на „Сигнал Идуна Парк“ во кој немаше голови во првиот дел, а потоа дури пет паднаа во вториот. Поведе Барселона двапати преку Рафиња и Феран Торес, меѓутоа во два наврати Серху Џираси донесе израмнување. Сепак, со својот втор гол Торес ја обезбеди победата за каталонскиот гигант.

Голема победа забележа Јувентус против Манчестер Сити од 2-0 (0-0). Уште едно дерби на „Алијанц Стадион“ во Торино, а домашните навивачи се радуваа на огромен триумф. На стартот од вториот дел Душан Влаховиќ донесе водство во 53. минута, за потоа Вестон Меккени да ја потврди победата на „старата дама“ во 75.

Милан со многу мака ја совлада Црвена Звезда на „Сан Сиро“ со 2-1. Поведоа „росонерите“ преку Рафаел Леао и делуваа подобро на теренот во првиот дел. Сепак, по паузата Звезда истрча храбро и заслужено израмни со убав гол на Немања Радоњиќ. Се држеа Србите до пред крајот, кога пукна отпорот и Тами Абрахам донесе победа на Милан.

Сигурен триумф забележа екипата на Арсенал совладувајќи го Монако на „Емирати“ со 3-0. Двоен стрелец беше Букајо Сака во 34. и 78. минута, а потоа Каи Хаверц во финишот го постави конечниот резултат.

Убедливи победи во натпревари со по шест гола забележаа Феенорд и Штутгарт. Холанѓаните ја совладаа Спарта Прага со 4-2.

Штутгарт, пак, победи со ист резултат со каков што загуби во минатото коло кај Црвена Звезда. Германците се вратија од негатива и со 5-1 го совладаа Јанг Бојс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани