Ливерпул во дерби со два промашени пенали славеше против Реал Мадрид и остана перфектен

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Ливерпул и понатаму остана како единствената перфектна во Лигата на шампионите откако вечерва со 2:0 слаеше во дербито против Реал Мадрид.

Првото полувреме не донесе преголеми возбудувања и се што беше интересно се случуваше во вториот дел.

Прво Мекалистер во 52. минута постигна гол за водство на домаќините, а Мбапе во 61. минута пропушти огромна прилика од пенал да донесе израмнување. Најстрога казна не реализираше и Ливерпул, Салах не успеа да погоди на 20 минути до крајот. Сепак, само седум минути по промашениот пенал на Салах, Гакпо погоди за 2:0.

На крајот тој резултат се покажа и како конечен. На табелата Ливерпул е лидер со пет победи во кои има само еден примен погодок. Реал Мадрид од друга страна со само шест бода е дури на 24. место.

Динамо Загреб на македонските интернационалци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски претрпе убедлив пораз на свој терен од Борусија Дортмунд со 0:3.

Јувентус во дуелот со Астон Вила ремизираше 0:0, Лил беше подобар од Болоња со 1:2, Селтик и Клуб Бриж одиграа 1:1, Бенфика на гости го совлада Монако со 2:3, a со истиот резултат, само со победа на домаќините заврши средбата ПСВ – Шахтјор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани