Фудбалската конфедерација на Африка (ЦАФ) ги објави десетте кандидати номинирани за најдобар фудбалер на континентот.
Номинирани за наградата најдобар фудбалер на Африка се: Амин Гури (Рен), Едмонд Тапсоба (Баер Леверкузен), Симон Адингра (Брајтон), Чансел Мбемба (Олимпик Марсеј), Серху Гираси (Штутгарт), Ашраф Хакими (ПСЖ), Софиан Рахими (Ал Аин), Адемола Лукман (Аталанта), Вилиам Траст Еконг (Ал Холуд) и Ронвен Вилијамс (Мамелоди Сандаунс).
Интересно е дека во потесниот избор за најдобар изостанаа три големи африкански ѕвезди. Во десетте имиња ги нема Мохамед Салах, Виктор Осимен и Виктор Бонифејс, кои имаа солидни сезони. Салах со Ливерпул постигна 25 гола и забележа 14 асистенции на 44 меча. Осимен даде 17 гола со четири асистенции, додека Бонифејс иако беше повреден речиси три месеци, сезоната ја заврши со 21 гол и 10 асистенции.
Победникот ќе биде прогласен на 16 декември во мароканскиот град Маракеш.