Играа осминафинале на ЕП, а сега се стартери против македонскиот првак!

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот шампион Струга Трим Љум ќе игра против Слован Братислава во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Двајцата тренери ги објавија стартните состави за пресметката во словачкиот главен град. Во таборот на Струга, тренерот Османи им даде шанса на пет фудбалери кои пристигнаа летово: Малески, Воша, Јевтовски, Дујмовиќ и Ристевски.

Од друга страна, во тимот на Слован Братислава има дури три фудбалери кои играа во осминафиналето на Европското првенство, а тоа се Куцка и Стрелец од Словачка и Кашиа од Грузија.

Слован Братислава: Трновски, Паушек, Кашуа, Бајриќ, Вимер, Савидис, Куцка, Толиќ, Мак, Стрелец, Вајс

Струга Трим Љум: Дујмовиќ, Радиќ, Кривањева, Ристевски, Воша, Јевтовски, Укпа, Влајковиќ, Шабани, Малески, Ибраими.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани