Фудбалскиот клуб Лос Анџелес денеска го потврди трансферот на Оливие Жиру кој во овој клуб пристигнува по истекот на договорот со Милан.
Жиру со американскиот клуб се обврза на верност до 2025 година со опција договорот да биде продолжен на уште една година. Францускиот голгетер во текот на вчерашниот ден преку видеопорака се прости од Милан, а кариератао длучи да ја продолжи во Америка.
Генералниот менаџер на Лос Анџелес, Џон Торингтон истакна дека трансферот на Жиру е голема работа за овој клуб.
„Понекогаш се шегувам дека постојат играчи кои би потпишал дури и никогаш да не играат на теренот, само поради она што го носат во соблекувалната. Таков играч е Жиру, тој е пример за професионализам, освои многу трофеи, но секогаш има желба за повеќе“, изјави Торингтон.
Кариерата Жиру ја започна во Гренобл, а потоа играч за Истр, Монпелје, Арсенал и Челси. Последните три сезони ги помина во Милан за кој постигна 38 голови, сезонава беше стрелец на 14. Во 2018 година со репрезентацијата на Франција каде што е најдобар стрелец во историјата со 57 гола на 131 натпревар го освои и Светското првенство.